Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Перфектен“ ден за избраниците на Сашо Јанев, генерацијата “2006“ на ФК Вардар оствари две победи во детската лига
“Перфектен“ ден за избраниците на Сашо Јанев, генерацијата “2006“ на ФК Вардар оствари две победи во детската лига

“Перфектен“ ден за избраниците на Сашо Јанев, генерацијата “2006“ на ФК Вардар оствари две победи во детската лига

Денес на терените на ФФМ, натпревари од вонредното коло во детската лига одигра генерацијата “2006“ на ФК Вардар. Избраниците на Сашо Јанев денес беа одлични и забележаа победи.

1

Најпрво на теренот излегоа екипите на Вардар (1) и Хет Трик. Првиот дел пројде во целосна доминација на црвено-црниот состав кој доминираше во сите аспекти на фудбалската ига. Противникот беше во целосна дефанзива, ние тоа го искористивме правевме голем број шанси и постигнувавме погодоци. Два погодоци беа дело на Марко Николовски во првите 25.минути. Со погодоците на Стефан Коловски и Давид Голубов го удвоивме водството и поведовме со 4-0. Од пенал шанса за погодок доби голманот на црвено-црните Данстак Андреј, тој успешно го реализираше и го претвори во погодок. Михаил Николов исто така постигна уште еден гол во во првиот дел. Ние со резултат 6-0 го завршивме првиот период и најавивме дека во вториот дел ќе доминираме. Тренерот Јанев Саше во текот на целиот меч ротираше со ростерот и им даваше шанса на сите момци, кој без разлика дали беа стартери или влегуваа го одржуваа високото темпо.

2

Во вториот дел веќе по само  една минута постигаме гол, стрелец на истиот беше Давид Голубов, со неговиот гол поведовме со 7-0. Давид во продолжение по само 3.минути повтосно погодува во мрежата на ривалот овој пат за 8-0. Доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра и во вториот дел. Марко Николовски стрела потоа и за високи 9-0. Галевски се обиде од дистанца, за жал топката заврши малку над гредата. Со вториот гол на Михаил Николов успеавеме да поведеме со “двојна петарда“ 10-0. Следеа две прилики на Никита Патаровски и Сековски кои се обидоа со удари од дистанца да го загрозат голот на противникот. За 11-0 погодуваме со одличен погодок од 20.метра, силно шутна Димитар Порчу и погоди ефектно. До крајот напаѓавме постојано, ривалот исфрли три пати во корна и добивме пенал. Успешно го реализравме преку Михаил Николов кој стрелаше за 12-0. Тоа беше и последен погодок за нас на овој дуел.

3

Вардар (2) исто така забележа победа во дуелот со екипата на Кул 2. Уште од самиот старт наметнавме силно темпо на игра, на кое противникот не можеше да одговори. Првиот удар кон противничкиот гол го имаше Олег Михајловски кој шутираше покрај голот, при нафрлена топка од левата страна. Следен кој се обиде беше Александар Миовски кој упатува удар, а топката завршува во рацете на добро поставениот голман , Шанса имаше денес и “славеникот“ Михаил Танчев, но неговиот удар завршува покрај голот на Кул. Иницијативата вроди набргу со плод и Вардар успева да го отвори резултатот и да поведе со 1:0, а стрелец на голот беше Олег Михајловски. Избраниците на Сашо Јанев беа многу подобри на теренот а Михајловски постигнува втор гол и му носи зголемено водство на Вардар од 2:0.

4

Целосна офанзива на црвено-црните кои имаа шанси и уште преку Максим Цониќ и Миовски, но нивните удари ги одбрани голманот на Кул. За прв пат на мечот се закани и противничката екипа, но успено одбрани Танески. По една грешка на нашиот чувар на мрежата, Кул имаше можност да намали, но истата ја исправи и го одбрани ударот. На полувреме се замина со предност на Вардар од 2:0.

5

И во второто полувреме имавме најголем дел од играта, но и контрола на резултатот. Танчев имаше можност да погоди од пенал, но ударот завршува над голот на Кул. Максим Цониќ со нова прилика да го загрози голот, но денес немаше среќа да се се запише во листата на стрелци. Митрески немаше среќа кога ја погоди пречката од слободен удар, кој го изведе мајсторски, но затоа истиов играч, Лука Митрески погодува за 3:0. Во последните минути од натпреварот погодок и за Кул и тоа со удар од белата точка за резултат од 3:1, со што го постави и конечниот резултат на натпреварот. На крајот роденденско славје за Михаил Танчев, на кој денес му беше роденден.

vardarfans-naslovna