Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Делчево без шанси за разиграните кадетки на Вардар Јуниор, кои стигнаа до нов триумф во кадетската лига
Делчево без шанси за разиграните кадетки на Вардар Јуниор, кои стигнаа до нов триумф во кадетската лига

Делчево без шанси за разиграните кадетки на Вардар Јуниор, кои стигнаа до нов триумф во кадетската лига

Кадетките на Вардар Јуниор денес гостуваа во Делчево, на истоимената екипа која ја совладаа со резултат од 18:36.

Уште по првото полувреме имавме комотно водство и можност да се даде шанса за настап на сите ракометарки. Уште на стартот од мечот имавме водство од 2:7, а домашниот тим беше рамноправен само во првите пет минути кога имаше негатива од 2:3. Како течеше првиот дел бевме се повеќе доминантни и во 18 минута имавме предност од 4:11. Одбранат беше на своето ниво, што ни овозможуваше брзи контра-напади, предноста растеше, за на крајот од првото полувреме да имаме водство од 10:19. Веќе на стартот од вториот дел дел стигнавме до двоцифрена предност од 11:21. На секој постигнат гол на Делчево, Вардарки одговораа со серија од неколку погодоци. Конечниот резултат од 18:36 ја отсликува реалната слика на теренот и одразот на силите, кај двете екипи. Избраничките на Драгана Пецевска делуваат супериорно во секој поглед на играта сезонава се големи претеденти и за освојување на кадетската лига.

Освен двата голмани, Трајкоска и Грујовска, како и Дамјановска, сите останати ракометарки се запишаа во листата на стрелци. Крилото Мирјана Петковска беше најефикасна со 7 голови, додека 5 постигна Стефанија Ѓорѓиевска. Кај Делчево најдобра беше Моника Сумрачка која постигна 8 голови.

РК Вардар Јуниор: Трајкоска, Гроздановска, Арсовска 1, Дамјановска, Гонзалес 1, Ѓорѓиевска 5, Донева 3, Петковска 7, Грујовска, Софтовска 2, Наскоска 1, Костовиќ 4, Седлоска 4, Коларовска 4, Јаковчевска 2, Галевска 2. 

Во среда истава генерација ја очекува натпревар во рамките на младинската лига.