Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар се домаќини на Шкендија, кадетите и младинците гостуваат во Тетово
Пионерските екипи на ФК Вардар се домаќини на Шкендија, кадетите и младинците гостуваат во Тетово

Пионерските екипи на ФК Вардар се домаќини на Шкендија, кадетите и младинците гостуваат во Тетово

Во сабота не очекуваат натпреварите од 2.коло во првенството на младинските фудбалски категории. Пионерските екипи се домаќини на екипата на Шкендија на теренот на Академијата, додека кадетите и младинците гостуваат во Тетово на истиов противник.

За пионерските екипи ова ќе биде прв натпревар во новата сезона, со оглед дека првото коло за овие генерации беше одложено поради репрезентативни обврски. Дебитанти во помладата-пионерска супер лига се генарацијата родени 2004 година предводени од Сашо Тодоровски, додека генерацијата 2003 на Драган Стефановски ќе се обидат да го повторат успехот од минатата сезона кога како помлади пионери станаа шампиони.

Кадетите и младинците имаат тешко гостување во Тетово, каде ќе се обидат да стигнат до позитивен резултат. „Хендикеп“ за тренерот Деспотовски е тоа што нема да може да смета на услугите на првотимците Џемал Ибиши и Бојан Димовски, кои се здобија со повреди на репрезентативните настапи со селекцијата до 19 години, која играше контролни мечеви со селекцијата на Бугарија. И двајцата играчи имаат пукнати коски на едното стапало. Во составот нема да биде ниту Леонид Игнатов кој ќе настапи за првиот тим на Вардар, кој ќе игра пријателски дуел со екипата на Македонија Ѓ.П, додека Филип Манасиевски ќе патува во Тетово.

Натпреварите во сабота ќе се одиграат во термините од 10 и 12 часот.