Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Во сабота старт на сезоната во регионалната-скопска лига ќе означат генер. 2005 и 2006 на ФК Вардар кои се домаќини на Шкендија
Во сабота старт на сезоната во регионалната-скопска лига ќе означат генер. 2005 и 2006 на ФК Вардар кои се домаќини на Шкендија

Во сабота старт на сезоната во регионалната-скопска лига ќе означат генер. 2005 и 2006 на ФК Вардар кои се домаќини на Шкендија

Во сабота старт на новата натпреварувачка сезона во регионалната-скопска лига ќе означат генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар. На теренот на Академијата, двете екипи на Вардар ќе го одиграат дербито на колото против екипата на Шкендија. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Ова ќе биде прва сезона за генерацијата 2006 предводена од Филип Спасески во ова натпреварување, со оглед дека минатите години беше дел од детската фудбалска лига, во која минатата сезона станаа и Шампиони на Македонија, додека генерација 2005 на Зоран Петковски го брани трофејот освоен во сезоната 2018/19.

И минатата сезона во првото коло се сретнавме со екипата на Шкендија, тогаш генерацијата 2005 на Вардар забележа убедлив триумф со резулта 5:0. Генерацијата 2006 на Вардар забележа победи на последните две соочувања со тетовскиот тим, едниот беше на контролен натпревар, додека другиот триумф беше во полуфиналето на „Гази Баба Куп“ кога вардарци славеа минимално со резултат 1:0.