За точно три дена владетелот на Европа, тимот на РК Вардар го игра првиот натпревар пред своите навивачи во новата сезона во Лигата на шампионите.
Прв противник кој ќе го почувствува вулканот „Јане Сандански” ќе биде тимот на Порто од Португалија, кој за прв пат во својата историја ќе гостува во Скопје кај тимот на Вардар.
На три дена пред почетокот на натпреварот, во слободна продажба се останати уште околу 1500 билети. По тој повод, ги повикуваме сите навивачи на Вардар и „црвено – црни” бои, да купат билети и да дојдат во недела во сала сите заедно да навиваме за европскиот шампион и да се радуваме на нови победи и во новата сезона сите заедно.
Билетите се по цена од 350 и 400 денари. Истите можат да се набават на билетарата пред СЦ. „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот и онлајн преку www.ticketplus.mk