Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи домаќини на Македонија Ѓ.П, кадетите и младинците гостуваат на истиов противник
Пионерските екипи домаќини на Македонија Ѓ.П, кадетите и младинците гостуваат на истиов противник

Пионерските екипи домаќини на Македонија Ѓ.П, кадетите и младинците гостуваат на истиов противник

Во сабота своето 16.коло во младинските фудбалски лиги ќе го одиграат четири екипи на Вардар. Пионерските екипи на теренот на Академијата се домаќини на Македонија Ѓ.П, додека кадетите и младинците ќе гостуваат во Ѓорче на истиов противник. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Пионерските екипи на Вардар се големи фаворити во дуелите со Македонија Ѓ.П. Се, освен високи победи на нашите млади надежи, ќе претставува големо изненадување на овие натпревари. Помладите пионери на Вардар се соочуваат со последно пласираниот тим на табелата, екипата на Македонија Ѓ.П нема ниту една победа до ова коло, или само еден и единствен освоен бод после 15 одиграни натпревари. Првиот меч на овие екипи одигран во Ѓорче, заврши убедливо во корист на црвено-црните кои славеа со резултат 0:7. Фаворити се и пионерите на Вардар кои не би требало да имаат проблеми околу освојуавање на бодовите, со оглед дека првиот меч на гостински терен го добивме со резултат 0:6. Во оваа лига, Македонија Ѓ.П се наоѓа на 8.место со 12 освоени бодови.

Кадетите на Вардар ќе се обидат да стигнат до вториот триумф во пролетниот дел и во мечевите против Македонија Ѓ.П. Избраниците на Филип Ивановски се фаворити за победата, која им е неопходна во борбата за титулата. Противникот е „закован“ на дното на табелата, каде има само 4 освоени бодови, додека Вардар е на првата позиција со вкупно 32 бодови. Вардар го доби првиот дуел одигран во есенскиот дел, со резултат 4:0.

Дербито на овие екипи треба да се одигра во младинската лига, каде Македонија Ѓ.П можеби е во мала предност пред овој меч. На табелата, Македонија Ѓ.П се наоѓа на 4.место со 23 освоени бодови, додека Вардар е место подоле со 22 бодови. Првиот дуел кој се одигра на теренот на Вардар го доби противникот со резултат 1:3, тогаш стрелец на голот за нас беше Малик Хасановиќ кој ќе го пропушти саботниот меч поради повреда.