По интервјуто на Дарко Панчев за српскиот „Би-Би-Си“, со реакција се јавија навивачите на Вардар, популарните „Комити”.
Целата реакција на „Комитите” ви ја пренесуваме во целост:
Дарко Панчев…
Ниту еден навивач на Вардар ниту вљубеник на бубамарата не може да остане рамнодушен кога ќе го слушне ова славно име. Веројатно најголемото име кое е поврзано со името Вардар. Единствен Македонец носител на Златната копачка, најдобар стрелец во Европа. Титула која неправедно не му беше доделена своевремено, иако чесно ја освои, се до скоро кога таа неправда се исправи.
Многу приказни и сеќавања каде сите бевме горди на неговите постигнувања и откако си отиде од Вардар.
Дел од првата шампионска генерација на Вардар која во сезоната 1986/87 ја освои единствената шампионска титула во старата држава, оспорена од ФСЈ но признаена од УЕФА…
Многу епитети и суперлативи за спортските постигнувања во минатото. А сега?
Промовирањето на Срамниот Референдум каде беше не само против ставот на Комити, туку против ставот на Македонците и на погрешната страна на историјата.
Девалвирањето на успехот на Ракометниот Клуб Вардар.
Зошто човеку, ЗОШТО ?