Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Против Брегалница во сабота
Против Брегалница во сабота

Против Брегалница во сабота

Овој викенд на програмата е четвртото коло од првата македонска фудбалска лига. Нашиот шампион, тимот на Вардар овој викенд пред своите гледачи ќе го пречека тимот на Брегалница од Штип. Поради репрезентативните настапи и обврски, ова коло ќе биде одиграно ден порано, односно, наместо во недела сите натпревари (освен Шкендија – Победа) ќе бидат одиграни в сабота со почеток во 16 часот и 30 минути.

Вардарци имаат серија од четири победи едно по друго против овој тим. На последните четири натпревари нашите момци им дадоа 11 голови на штипјани, а примија само два. Последниот натпревар одигран на овие две екипи беше оној на 20 април во Скопје, каде нашиот тим забележа победа од 2-1, со головите на Асани и Стојков. Очекуваме нова, лесна задача да има шампионот на Македонија во сабота, и да ја продолжи победничката низа.