Дури осумина играчи од ФК Вардар ќе имаат обврски со своите репрезентации на почетокот на идниот месец. Покрај Николов, Велковски, Алексовски и Петковски (кои добија повик од Милевски до 21 година) вчера повик од А – селекциите на своите земји добија уште четворица првотимци на Вардар. Се работи за:
Стефан Спировски, кој по подолга пауза повторно доби повик да настапи за А – селекција на Македонија. Потоа, веќе стандардниот за Ерменија Хамбарџумјан кој доби и овој пат повик, како и двајцата наши играчи од Црна Гора Немања Мијушковиќ и Дамир Којашевиќ, кој добија повик од својот селектор да се приклучат на репрезентацијата. Овие осумина играчи, по саботниот натпревар против Брегалница ќе заминат на подготовки со своите репрезентации.