Европската ракометна куќа ја одреди саатницата на одигрување на првиот натпревар на ЖРК Вардар во лигата на шампионите. Избраничките на Индира Кастратовиќ новата сезона во најголемото ракометно натпреварување ќе ја отворат на 14-ти октомври (петок) со почеток од 20:30 часот. Противник во првото коло ќе ни биде Унгарскиот вицешампион, екипата на ФТЦ Будимпешта.
Точно утвреден се уште три термини на нашиот женски ракометен шампион. Останува да бидат официјализирани и датумите на одигрување на второто и петтото коло. Во очекување сме да го дознаеме и третиот противник на Вардарки во групната фаза, откако ќе биде познат победникот од квалификационата група.
Во новата сезона влегуваме засилени за Лакрабер кој беше прогласена за најдобар десен бек на олимписките игри во Рио, како и трет најдобар стрелец на истите. Тука е и една од најдобрите леви крила во свет, тоа е Камила Херем од Норвешка, потоа Бразилскиот голман Мајса Песоа која доаѓа од актуелниот евроспки шампион, тимот на ЦСМ Букурешт. Тамара Мавсар која дојде од Крим и еден од најголемите таленти на Белорускиот ракомет Дијана Илина ќе бидат новите играчи на Вардар.
Со нетрпение ја очекуваме новата сезона, каде не очекуваат големи возбудувања, а по трите бронзени медали од претходните сезони се надеваме дека оваа сезона ќе биде среќна за Вардарки да стигнат до врвот на Европа.
1 коло – петок, 14 октомври – 20,30 ч.
Вардар – ФТЦ (СЦ „Јане Сандански”)
2 коло – 21-23 октомври
квалификант - Вардар
3 коло – сабота, 29 октомври – 15 ч.
Астраханочка - Вардар
4 коло – сабота, 05 ноември – 17,30 ч.
Вардар – Астраханочка (СЦ „Јане Сандански”)
5 коло – 11-13 ноември
ФТЦ – Вардар
6 коло – недела, 20 ноември – 16 ч.
Вардар – квалификант (СЦ „Јане Сандански”)