Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Финале со А.Пандев ги очекува ФК Вардар генер.2002 по двете победи денес во детската лига
Финале со А.Пандев ги очекува ФК Вардар генер.2002 по двете победи денес во детската лига

Финале со А.Пандев ги очекува ФК Вардар генер.2002 по двете победи денес во детската лига

Фудбалскиот клуб Вардар ја доби и четвртата екипа во финалето во детската лига. Генерацијата 2002 денес со одлична игра и двете победи во четврт и полуфиналето обезбеди место во големото финале. Финалето ќе се игра во вторник, а во него ќе се сретнеме со Академија Пандев тим кој во полуфиналето победи со Шкендија со 1-0.

Во четвртфиналето генер.2002 се сретна со Брегалница ние тргнавме офанзивно да обезбедиме пласман во полуфиналето. Погодивме за 1-0 преку Фазлиу. Потоа Марио Илиевски имаше шанса сепак ситата ја брани голманот кој исфрла во корне кој е трет по ред . Добиваме казнент удаар “скреатен корнер“ кој истиот играч не успева да го реализира. Веќе во следната акција зголемуваме на 2-0 преку Ѓурковски, и овој играч не успева да погоди од казнет удар кој го добивме по нова корна за нас.  Нашите противници имаат прилика сепак одличен на нашиот гол беше фантастичниот Величковски. До крајот на полувремето погодивме уште еднаш преку Илиевски од скратен корнер. Вториот дел го почнавме растеретено бидејќи имавме голема предност. Во вториот дел погодуваме преку Марио Илиевски и Величковиќ Мартин за конечни 5-0. Во овој период имаме уште една шанса и преку Димитар Поповски.

Во полуфиналето тргнавме истотака офанзивно тргнавме против Гостивар. Веќе во 2 минута имаме шанса преку Дамјан Трајановски кој имаше 100% шанса очи во очи со голманот на гостиварчани.  Вардар игра целосно офанзивно во продолжението. Прв гол постигнуваме преку Марио Иливески кој одлично прима топка и стрела за 1-0. Фазлиу во продолжение има шанса за црвено-црните, тој беше во продор  но не успеа да го совлада голманот на гостите. Имаме убава прилика преку “ножички“ Ѓурковски  шутира над голот. Поведуваме 2-0  преку Трајановски кој доби убава асистенција од Фазлиу. Докрај гостиварчани целосно беа во дефензива, ние уште една шанса имаме преку Фазлиу кој искочи сам на сам со голманот, но не погоди.
Вториот дел почна со шанса за Илиевски голманот исфрла во корна.Имаме прилика и преку Харбин кој влезе одлево во казнениот простор сепак голманот поуспешен и исфрла во корна.  Добиваме скратен корнер (казнен удар)  Илиевски рутинирано погодува за 3-0. Истиот играч во наредниот период од 5 минути имаше  уште две вкави прилики едната ја промаши,а  другата ја претвори во гол за 4-0. Во финишот имавме две шанси преку Величковиќ.