Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Финале за најмладите вардарци, ФК Вардар генер.2007 обезбеди место во финалето на детската лига
Финале за најмладите вардарци, ФК Вардар генер.2007 обезбеди место во финалето на детската лига

Финале за најмладите вардарци, ФК Вардар генер.2007 обезбеди место во финалето на детската лига

Најмалите црвено-црни фудбалерчиња на фудбалскиот клуб Вардар кои се на натпреваруваат во детската лига генерација родени 2007 година обезбедија финале во својата категорија по денешните мечеви. На терените на фудбалската федерација на Македонија тие одиграа четвртфинален и полуфинален дуел. Тие во четвртфиналет се сретнаа со тимот на ФК Топ Гол и однесоа победа со 6-1, а во полуфиналниот меч се сретнаа со и победија 3-1 со што си обезбедија финале, кое ќе се игра на истите терени веќе во вторник.

Во првиот четвртфинален дуел со екипата на Топ Гол почнавме офанзивно со цел рано да си обезбедиме пласман во поладневниот полуфинален дуел. Погодивме рано преку Стефан Младеновски за 1-0. Нашата офанзива беше постојана така да го принудивме повторно на капитулација тимот на Топ Гол, кој овој пат си постигна автогол за 2-0. Нашите противници успеаа да постигнат почесен погодок кој после ќе се покаже како единствен за нив денес. Тие намалија на 2-1, резулат со кој се замина на одмор. Во вториот дел младите вардарци одиграа полетен фудбал и постојано беа во атак и преку Петар Мицевски зголемивме на 3-1. Се редеа шанси пред голот на нашиот противник зголемуваме на 4 и 5-1, преку Борјан Томовски и Милош Спасовски. До крајот се беше рутина, мечот умно го приведовме при крај. За конечните 6-1 погоди Марко Крстевски.

По оваа победа одигравме меч во полуфиналето со екипата на Фер Плеј. Во истиот остваривме победа со 3-1 со која си “закажавме“ финале во вторник во оваа најмлада категорија која настапува во детската фудбалска лига во земјава. Младеновски повторно голгетерски расположен постигнувајќи два гола, додека еден беше дело на Спасовски. Честитки за нашата најмлада Вардарова генерација предводена од Томче Трајановски.