Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2005 убедливо победи два меча и обезбеди финале во детската лига.
ФК Вардар генер.2005 убедливо победи два меча и обезбеди финале во детската лига.

ФК Вардар генер.2005 убедливо победи два меча и обезбеди финале во детската лига.

Фудбалскиот клуб Вардар обезбеди финале и во генерацијата за фудбалерчиња родени 2005 година. Денес на терените на Фудбалската федерација на Македонија одигравме ¼ финален и ½ финален дуел. Двата ги добивме и обезбедивме финале со Фк Форца во вторник.

Во полуфиналето се сретнавме со екипата на ФК Прилеп, во овој меч обезбедивме победа со која се пласиравме во финалето. Првото полувреме го добивме со резулат 4-1. Имавме целосна офанзива . Отворивме за 1-0 преку Давор Лефковски, сепак нашите противници успеаа да изедначат и да ја вратата неизвесноста по изведен слободен удар топката заврши во нашата мрежа. Сепак ние решивме да го добиеме мечот тргнавме офанзивно и погодуваме преку Филип Јовановски. Во финишот на првиот дел успеваме да погодиме уште двапати преку Јовановски и Дарко Сековски. Со овој резултат 4-1 се замина на одмор. Трганвме офанзивно во вториот дел и погодуваме трипати во првите 10 минути преку Дошев, Јакимовски и Цветков. По голот повторно имавме шанса преку Лука Јакимовски. Целосно сме офанзивни се редат голови во мрежата на нашите противници за 8-1 Никола Величковски. За крајниот резулат 9-1 стрелаше Здравковски.

2005srede
Во 1/4финалниот дуел се сретнавме со Академија Пандев во дерби дуел, млaдите момци одиграа фантастичен меч. Почнавме офанзивно имавме две шанси преку Дарко Сековски сепак голманот беше поуспешен. Следеаа серија шанси за нас пеку Тино Спасиќ и Филип Јовановски. Поради нашата офанзива нашите надежи добија пенал по три корни кој не успева да го погоди Јовановски. По само 3 минути повторно пенал од три корни овој пат успешно стрела Сековски. Со овој резулат се замина на одмор. Вторпат погодуваме преку Величковски Никола. Во продолжение шанса имаме преку Јовановски, ние сме во целосна офанзива. За крај и победа која донесе ½ финале погоди денес одличниот Фидановски Зоран.

Да напомене дека на денешните два натпревари, одлични на голот беа Марко Бреслиев и Леонид Илиевски.