Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Голем успех Фк Вардар (2) генер.2004 обезбедија финале во детската лига
Голем успех Фк Вардар (2) генер.2004 обезбедија финале во детската лига

Голем успех Фк Вардар (2) генер.2004 обезбедија финале во детската лига

Младите фудбалски надежи на ФК Вардар(2) родени 2004 година во ½ финалето се сретнаа со екипата на Дарданети, и направија голем успех пласирајќи се во големото финале со победа од 2-0. Во истата генерација ФК Вардар (1) одигра исто така полуфинале и беше поразен на пенали од Брегалница Штип.

ФК Вардар (2) почна офанзивно и тргна да обезбеди рано водство со цел да го реши мечот рано. Погодуваме за 1-0 преку Димитар Стоимов. Имаме серија шанси до крјаот на првиот дел, но не успеавме да поведеме. На нашиот гол одличен е Васко Василев. Вториот дел го почнуваме со шанса на Лука Ивановски. Потоа повторно Димитар Стоименов стрела фантастично за нас , од 20 метри погодува прекрасно. Напаѓаме постојано одлична прилика има Исмет Хајдари, па и Марио Сурлов се обидува од слободен топката завршува во корна. Нашите противници се целосно оренирани на одбрана, одлична прилика пропуштаме и преку Лука Ивановски кој искача сам на сам и неуспева да погоди. Кај нас одлично бирани Василев кој не дава да биде совладан. До крајот повторно се обиде Марио Сурлов. Со оваа победа обезбедивме пласман во финалето со Брегалница.

o2
Во вториот полуфинален дуел Вардар (1) со Брегалница одигра реми без голови 0-0. Во меч без многу прилики нашиот голман Тасев одлично брани на почетокот, ние имавме шанса преку Ричков кој не успеја да погоди. Тасев на нашиот гол беше денес фантастичен, по завршувањето на мечот се премина на изведување пенали во кој бевме помалку успешни и со еден промашен пенал бевме поразени.

Во 1/4финалните дуели Фк Вардар (1) и ФК Вардар (2) обезбедија пласман понатака со победите над Академија Пандев и Велешта, поопширно овде.