Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Неочекувани порази за ФК Вардар генер. “2003“ и “2006“ во 1/4 од детската лига
Неочекувани порази за ФК Вардар генер. “2003“ и “2006“ во 1/4 од детската лига

Неочекувани порази за ФК Вардар генер. “2003“ и “2006“ во 1/4 од детската лига

На терените на фудбалската федерација на Македонија, денес започнаа елиминациските мечеви од детската лига. Вардаровите генерации родени “2003“ и “2006“ година ги завршија своите настапи во четвртфиналните дуели.

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2006“ година го загубија натпреварот против екипата на Шкендија, по изведување на удари од белата точка. И на овој меч во регуларниот дел, резултатот беше 1:1. Вардарци има за што да жалат, бидејќи беа многу подобри од екипата од Тетово. Избраниците на Кралевски први го отворија резултатот на овој меч, за водство од 1:0. До крајот на првиот дел имавме неколку добри шанси, но противничкиот голман беше последната пречка за постигнување на гол. Давид Голубов на два пати се закани, но неговите удари беа одбранети. Се обиде и Дамјан Крстевски, кој шутираше над гол. Првото полувреме заврши со резултат 1:0.

На стартот на вториот дел, Шкендија упати два удари кон нашиот гол, сепак Андреј Данстак беше на своето мето. Дамјан Крстевски повторно се обиде, нова одбрана за “крупниот“ голман на Шкендија. Се случи непишаното правило, тимот од Тетово успева да го израмни резултатот на 1:1. Овој погодок на противникот не ги откажа избраниците на Кралевски кои продолжија со нападите кон голот. Стефан Колоски се обиде, повторно противничкиот голман спречува погодок во сопствената мрежа. Многу прилики останаа неискористени, удар и за Дамјан Крстевски покрај гол. Можеби последната најголема шанса ја имаше Марко Николовски, кој ја погоди стативата.
Во пенал-рулетот, подобра беше екипата на Шкендија. Резултатот по изведување на пенали беше 2:3. Данстак успеа да одбрани еден удар, додека противничкиот чувар скроти два наши удари, за конечна победа на Шкендија.

Неочекуван пораз за генерацијата на Вардар, родени “2003“ година, кои беа поразен во четврфиналето од екипата на Постолов Пандев. Резултатот на овој меч гласеше 1:2.

Противникот прв се закани кон нашиот гол, но Лука Стојковски беше на вистинското место. Црвено-црните први го отвараат резултатот на овој меч, за 1:0 со голот на Дарио Јовановски, на асистенција на Прелоговски. Веќе во следната минута, Постолов успева да постигне гол за израмнување на 1:1. Вардар имаше поголем посед на топката и игра до крајот на натпреварот, но не успеа да постигне гол. Повторно се обиде Дарио Јовановски, кој ја погодува мрежата, но надвор од рамките на голот. Во следните пет минути, се играше без посериозни прилики за постигнување на гол. Нашите млади надежи имаа голема прилика повторно да поведат, но ударот на Марио Петрушевски заврши во пречката од противничкиот гол. По првиот дел, резултатот беше 1:1.

Подобри бевме и во вториот дел, но сепак не успеавме да победиме. Јовановски и Андреев имаа прилики да ја затресат противничката мрежа, но безуспешно. Убава шанса имаше и Прелоговски, но денес среќата не беше на наша страна. Во последните пет минути од мечот, екипата на Постолов се избори за трета корна, што значеше и удар од белата точка. Прецизен беше играчот на Постолов, за водство од 1:2, што беше и конечен резултат на овој меч.