Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одиграа четвртфиналните и полуфиналните мечеви од детската лига. Фудбалскиот клуб на Вардар генерација 2004 успеа со двете свои екипи да се пласира во полуфиналето, откако беа подобри од воите противници.
Најпрво на теренот излезе Вардар (2) кој за противник ја имаше екипата на Академија Пандев. Победникот беше решен дури по изведување на удари од белата точка, каде поуспешни беа црвено-црните. Во регуларниот дел натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1, кој беше актуелен и по првото полувреме. Се се случи за три минути, откако прво Струмичани го отворија резултатот за 0:1. Од слободен удар нафрли противникот, невнимание наше во одбраната не чинеше примен погодок. Бргу возвративме за израмнување на 1:1, со голот на Теодор Перковски. До крајот на натпреварот нашите млади надежи беа многу подобар тим на теренот. Имавме неколку добри прилики да го одлучиме победникот и во регуларниот дел, но среќата не не сакаше. Покрај тоа погодивме и една статива и пречка од противничкиот гол. Во пенал рулетот, наш херој беше Васко Василев, кој одбрани дури три пенали. По изведувањето на пенали, конечниот резултат гласеше 6:5 ( 5:4 на пенали). Завршниот удар го зададе Исмет Хајдари, кој погоди во решавачката серија, откако претходно нашиот “херој“ на голот Василев скроти уште еден удар.
Вардар (1) пак немаше поголеми проблеми во дуелот со екипата на Велешта. Резултатот на овој меч гласеше 5:2. Прв кој се закани кон противничкиот гол беше Сандро Каровски. На првиот погодок не се чекаше многу време. Огнен Здравковски упати вистинска бомба од речиси половина терен, за водство од 1:0. Истиов играч уште еднаш се обиде, но овој пат голманот на Велешта го брани неговиот удар. Уште еден прекрасен гол за Здравковски, за предност од 2:0. Во следниот период, противникот успева да го намали резултатот на 2:1. Еден од новните играчи излезе сам со нашиот голман Тасев и бие прецизно. Имавме набрзина шанса да го возвратиме голот, но противничкиот чувар не дозволува такво нешто. Избраниците на Филип Арсовски имаа целосна доминација на теенот и контрола на играта. Никола Анчевски успева да се запише во листата на стрелци и да погоди за 3:1. Продолживме со офанзивната игра, што резултираше со уште еден гол, дело на Георг Стојановски за водство од 4:1. Екипата на Велешта, успева да намали на 4:2 со удар од белата точка. До крајот на мечот уште еден гол за Вардар и нов погодок за Стојановски, за конечни 5:2 на овој меч.
Така двете екипи на генерација “2004“ успеаа да се пласираат во полуфиналните натпревари, што е голем успех за оваа генерација. Во текот на денешниот ден не очекуваат и полуфиналето. Уште по една победа им е потребна на нашите млади надежи да обезбедат финале.