На мечот во скопско Марино помеѓу ФК Вардар и ФК Милано во младинската лига на капитенот на црвено-црните Личина преставникот од фудбалската федерација на Македонија му го предаде шампионскиот пехар. ФК Вардар оваа сезона во малдинска конкуренција на коло до крајот ја обезбеди титулата . Покрај Пехарот о ФФм од капитенот и играчите на Милано добивме букет како честитка за шампионот во највоздрасната категорија во малдинските лиги. Љупчо Марковски- Калц и останатите момци имаа за што да се радуваат бидејќи имаа одлична сезона зад себе. На натпреварот кој немаше значење, бевме поразени од Милано, со резултат 1:3. Виктор Јовановски беше стрелец на единствениот гол. Во продолжени погледнете ги фотографиите на Вардар фанс од доделувањето на титулата.