Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар со победа ја завршија сезоната
Кадетите на ФК Вардар со победа ја завршија сезоната

Кадетите на ФК Вардар со победа ја завршија сезоната

Во скопско Марино се одигра последното коло во кадетската лига помеѓу ФК Вардар и гостите од Куманово екипата на Милано.Истиот немаше послебно резулатско значење за двете екипи.екипите одиграа меч без посебно значење со мирно темпо на полувреме се замина со резулат 0-0, вардарци во вториот дел обезбедија победа со резулат 2-0. Колев Влатко се одлучи за следниот состав на овој меч : Тимевски, Тодоров, Јордановски, Серафимов, Менкиновски, Стојчевски, Јахја, Тасески, Скендерски, Петревски, Трајчевски.

Првиот дел почна со блага теренска иницијатива на црвено-црните кои сакаа да поведат, но мечот кој не носеше никаква сатисфакција за двата тима премина во неитресен дуел како минуваше времето. Двата тима немаа ниту една шанса за одбележување во првиот дел што може да се опише, сонцето и неважноста на бодовите за двата колектива си го направија своето . На крајот од првиот дел Колев изврши замени Мето Велковски го зазема местото помеѓу стативите од Тимевски Бојан и Стојчевски Христијан му остапи место на Петревски Стефан. Вториот дел го почнавме со блага теренска инцијатива играчите трнаа конечно да постигнат гол. Прв шанса имаше капитенот на црвено-црните денес Трајчевски Александар во 48 минута. Во 55 минута главниот судија Костенчев Никола досудува пенал по неддозволено играње со рака на играчите на Милано. Трајчевски го изведува истиот рутинирано го испраќа голманот на едната страна, а  погодува во спротивната со одмерен удар по земја.  Во вториот дел влегува во игра и Џуклевски на место на Тасески. Велковски одличен на црвено-црниот гол командува со тимот од позадина , навремено ги пресекува навидувм безопасните топки ви неговиот казнет простор недозволувајќи да се појави било каква опасност за неговата мрежа.Истиот играч пет минути подоцна повторно е во шанса, но голманот Иљази исфрла во корнер. Менкиновски во продолжение му го остапува местото на Милевски. Во 70 минута се обиде со удар од далечина Џуклевски  сепак тоа беше лесен плен за Иљази кој лесно прифати. Трајчевски е денес играч број еден во двата табора тој во 80 минута шутиро одлично, а Иљази со крајни напори со одлична парада исфрла во корнер. Последната измена во нашиот состав во 82 минута , Пирков влезе на место на Скендерски. Во последните моменти од мечот шанси за нас преку Џуклевски кој се обиде од десно со удар од далечина и Трајчевски кој искочи сам на сам со голманот на гостите кој беше побрз. Во 89 минута погодуваме за 2-0 преку Серафимов кој го поставува конечниот резулат на дуелот.