РК Вардар со победата над РК Работнички дојде на максимален ефект од седум победи од исто толку натпревари во ракометната Супер лига на Македонија. Веќе во среда нашите момци можат сите дилеми околу титулата да ги решат, и да станат старо – нови шампиони на Македонија, кои и следната сезона ќе настапуваат во елитното натпрерување Лигата на шампионите.
Вардарци на овој дуел ќе влезат со предност од 4 голови, бидејќи на првиот натпревар пред нашите гледачи, момците на Гонзалес победија со четири голови предност, и имаат три бода повеќе од вториот конкурент за титулата оваа сезона, ако може така да се нарече тимот на Металург. На овој натпревар нашите момци иако играат на гостински терен, ќе влезат како апсолутни фаворити, не само за одбрана на тие четири голови, туку и за голема победа. Натпреварот ќе започне во 18 часот, а некаде околу 20 часот очекуваме нашиот тим да слави победи, и нова титула.