Вечерва на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар, тренерот на голманите во младинските категории Слободан Мутибариќ направи натпревар помеѓу сите голмани кои тренираат моментално во Вардаровите категории ( петлиња). Се натпреваруваа секој со секого поделeни во три групи, составени од различни возрасни генерации. Кој ќе постигнеше повеќе погодоци тој го добиваше дуелот, а секој шутираше од својата половина со рака и нога. Сите голмани ги истакнаа своите квалитети и голем потенцијал кој го поседуваат. Ова беше трета година, како се одржува “војната“ на голмани, во младинските екипи на ФК Вардар.
На денешната војна на голманите се натпреваруваа: Давид Петковски (2003), Стефан Тасев, Васко Василев, Горазд Гигов, Наум Ангелов и Алмир Колиќ (2004), Леонид Илиевски (2005), Андреј Данстак, Мартин Ивановски, Дамјан Таневски (2006), Лука Јаневски, Јовица Спасовски, Даниел Исајловски, (2007), Лука Грчевски и Александар Милошевски (2008).
Кај највозрасните првото место му припадна на Стефан Тасев, од генерацијата родени “2004“ , кој беше подобар од неговиот сонародник, Васко Василев од истава генерација. Кај генерациите родени “2005“ и “2006“ година, наградата замина во рацете на Андреј Данстак, додека интересно беше кај најмалите родени “2008“ и “2009“ година. Тука поради еднаквиот број на победи, на крајот како победници се прогласија дури тројца голмани. Тоа се Лука Грчевски, Јовица Спасовски и Даниел Исајловски.
На крајот сите добија награди, кои на изненадување на сите ги доделуваше голманската легенда на фудбалскиот клуб Вардар најдобриот чувар на мрежата во 70 годишната историја на црвено-црните Драган Мутибариќ. Истиот покрај наградите на младите момци им подели и неколку совети кои ќе ги водат низ нивните кариери. Голема чест беше за дечињата што токму оваа голманска величина им ги додели наградите како сатисфакција за понатамошната работа. Вардар фанс како верни подржувачи на младинските категории од овој настан покрај оваа вест ќе ви донесат и две фотогалерии и неколку видео клипови од т.н “војна на голманите“.
На крајот во име на ФК Вардар на легендата на црвено-црните Драган Мутибариќ му беше доделен пехар со посвета од денешната манифестација и дрес со неговото презиме.