Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Време е за нова победа во Тетово

Време е за нова победа во Тетово

Нема одмор за Вардар, веќе утре нашите фудбалери ги очекува нов натпревар во рамките на Првата македонска фудбалска лига. Во ова 29. коло, нашиот “црвено црн” состав и гостува на екипата на Шкендија. Ова ќе биде уште еден натпревар на овие две екипи, по минатонеделниот натпревар во Купот на Македонија.

Вардар на овој натпревар ќе влезе со одлична серија од осум победи едноподруго. Вардарци овој меч го дочекуваат на првата позиција на табелата со дури тринаесет бодови предност пред тимот на Шкендија кој се наоѓа на втората позиција на табелата.

Шкендија минатата среда во целост беше надиграна од Вардар, нешто слично очекуваме да се случи и на утрешниот натпревар. И оваа сезона квалитетот помеѓу овие два тима е евидентно на страната на скопскиот тим.

Вардар и на овој натпревар ќе игра без својот капитен Грнчаров, кој ќе одработи уште еден меч суспензија. Натпреварот утре е предвиден да започне со почеток во 16-00 часот. Главен судија и на овој натпревар ќе биде најдобриот наш судија, Ставрев.