Генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ убедливо го добија дербито со екипата на Шкупи. Овој натпревар се играше на теренот на академијата, во рамките на регионалната-скопска лига и заврши со триумф на црвено-црните од 6:0. Ова беше вкупно 15 победа од исто толку одиграни мечеви за избраниците на Томче Трајановски, кои сигурно чекорат кон освојување на шампионската титула. После одигрување на ова коло имаме 8 бода повеќе од Милано и дури 11 повеќе од тимот на Шкупи, кои се недостижни за конкурентите. Еден од најдобрите стрелци на оваа генерација, Александро Прелоговски истакна дека Вардар бил поквалитетен противник и дека заслужено ги освоил бодовите од овој натпревар.
-Уште од почетокот на мечот се гледаше дека ние сме далеку подобра екипа, имавме многу повеќе шанси од противникот и мислам дека победата беше потполно заслужена . Овој дуел за мене претставуваше еден од поважните оваа сезона бидејќи со овој триумф ние речиси ја загарантиравме титулата во ова натпреварување. Ние оваа сезона покажуваме одлична игра која носи и добри резултати, а тоа се должи најпрво на тимската игра, напорните тренинзи, нашата самоувереност како екипа и нашиот одличен тренер, Томче Трајановски.
Утре Вардарци се домаќини на Милано, во рамките на првиот полуфинален меч од купот на Македонија. Мечот ќе се одигра на академијата, со почеток од 10:00 часот.
-За натпреварот кој не очекува во среда дома со Милано, мислам дека пред се не треба да дозволиме да примиме ниту еден гол, а притоа да постигнеме неколку погодоци, кои ќе ни го олеснат и реваншот кој треба да го играме на гости во Куманово. Јас сметам дека ние сме една одлична екипа и дека без потешкотии ќе се пласираме во финалето на купот, кој се надевам дека понатаму и ќе го освоиме.
Звонко Ивановски