Wednesday ,22 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар со среќа во ждребката, второлигашот Металург противник во 1/4фин. од Купот
ФК Вардар со среќа во ждребката, второлигашот Металург противник во 1/4фин. од Купот

ФК Вардар со среќа во ждребката, второлигашот Металург противник во 1/4фин. од Купот

Фудбалската федерација на земјава ја  одржа  ждрепката за 1/4 финалните двојки од Купот на Р.М. Истата  се одржа  со почеток во 13-00 часот во просториите на ФФМ.

ФК Вардар имаше поволна ждрепка, во следната фаза за противник ја добивме екипата на доскорешниот прволигаш, а сегашниот второлигаш скопски ФК Металург. Фудбалскиот клуб Вардар без поголем проблем одигра досега во Купот на Република Македонија во фудбал. Во првиот меч од 1/16 финалето се сретна со ФК Скендербегу во Тетово и високо го порази со што обезбеди место во 1/8 финалето.  Неделава Вардар по втор пат го совлада тимот на Влазерими од Кичево и се пласираше во 1/4 финалето . Дома победивме  2:0 вчера, а претходно во Кичево 1-3. Патот кон 1/2 финалето на црвено-црните по оваа поволна ждребпа е отворен. Првиот меч на кој ќе бидеме гости ќе се игра на 23 ноември во 13:30 часот, додека реваншот е  на 7 декември во 13 часот.