Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) РК Вардар тргна за Загреб. Раул: Имаме притисок бидејќи сме фаворити на овој дуел
(ФОТО) РК Вардар тргна за Загреб. Раул: Имаме притисок бидејќи сме фаворити на овој дуел

(ФОТО) РК Вардар тргна за Загреб. Раул: Имаме притисок бидејќи сме фаворити на овој дуел

Ракометарите на црвено-црните заминаа за Загреб каде утре, 22.10.2016 со почеток во  20:00 часот ќе го одиграат петтото коло во ЕХФ Шампионската лига. Момците на Раул Гонзалес денес се упатија накај главниот град на Хрватска каде утре ќе ги одмерат силите со познаникот ППД Загреб. Вардаровиот стратег за овој меч го искажа своето мислење пред заминувањето , шпанецот вели:

Секогаш кога има нов тренер сите сакаат да играат добро, а и тренерот да се покаже. Ние играме против Загреб, пред нивна публика, и со секогаш полна сила. Имаме притисок бидејќи сме фаворити на овој дуел, и имаме иста ситуација како лани кога му гостувавме на Колдинг. Тогаш Колдинг немаше освоено бодови, а ние загубивме таму. Јас мислам дека нешто научивме од лани, и треба да се фокусираме целосно околу утрешниот натпревар, и да работиме за да победиме. Но, треба и секого да го почитуваме и ривалот.