Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки вечерва на “поправен“ против екипата на Лајпциг, време е за првата победа во ЛШ
Вардарки вечерва на “поправен“ против екипата на Лајпциг, време е за првата победа во ЛШ

Вардарки вечерва на “поправен“ против екипата на Лајпциг, време е за првата победа во ЛШ

Нашиот женски ракометен шампион вечерва оди на “поправен“. Во рамките на второто коло од лигата на шампиони во спортскиот центар Јане Сандански гостува екипата на Лајпциг. После нерешениот резултат во првото коло против ФТЦ Будимпешта, вечерва Вардарки ќе се обидат да стигнат до првата победа во новата сезона.

Денешниот противник во првото коло доживеа пораз од екипата на Астраханочка со резултат 27:24. Со тимот на Лајпциг имавме можност да бидеме во групната фаза и во сезоната 2014/2015. Тогаш по една победа им припадна на двете екипи. Тука во Скопје славевевме со резултат 26:20, додека на реваншот во Германија бевме поразени (26:23). Лајпциг е составен претежно од домашни ракометарки, а најголема опасност за противничките екипи е полската репрезентативка Каролина Кудлач.

Се освен победа за Вардар на вечерашниот натпревар ќе претставува ново изненадување. Веќе на кормилото не е Индира Кастратовиќ која се раздели со клубот после нерешениот резултат со ФТЦ Будимпешта. Клубот реши по четири години да ја прекине соработката и да бара нов тренер. Се додека не се најде алтернативно решение, екипата од клупата ќе ја водат сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко, спортскиот директор Едуард Кокшаров и Аце Станковски. Барем така беше најавено за дуелот против Лајпциг. Ова е четврта сезона за клубот во лигата на шампионите и нова среќа да се стигне до европската титула, која ќе биде прва во историјата на клубот.Вечерва одиме на победа и да покажеме дека оној прв меч беше само лош ден за нашите девојки. Дојдете во што поголем број во С.Ц. Јане Сандански да им дадеме поддршка во остварување  на првата победа во новата сеона во лигата на шампионите.