Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар загуби од десеттиот тим во украинската лига
Вардар загуби од десеттиот тим во украинската лига

Вардар загуби од десеттиот тим во украинската лига

Шампионот на Македонија го доживеа вториот пораз на подготовките во Анталија, утринава подобар од црвено – црниот тим беше и Черноморец Одеса. Овој дуел претставникот од Украина го доби со резултат 0:1 (0:0). Ова беше втор пораз на третиот меч во Анталија.

Тимот на Вардар дуелот го започна со следните 11мина: Гачевски, Глишиќ, Новак, Грнчаров, Брдаровски, Марковиќ, Стојчевски, Блажевски, Попзлатанов, Исени и Барсегјан.

fkv

Првиот дел како и вообичаено на сите пријателски дуели во Анталија заврши без голови 0:0. Во едно неквалитетно полувреме нашата екипа одигра неповрзано без некој добри пасови и воиграни акции, истото може да се каже и за противникот. На стартот од вториот дел како и што се очекуваше беа направени неколку замени во тимот на Вардар, во игра во 46. минута влезе и џокерот на Јаневски, младиот Бериша. Анемичната игра на Вардар, продолжи и во вториот дел, па така во 53. минута Черноморец постигна гол за предност од 0:1. Во 70. минута Вардар лесно можеше да го израмни резултатот но Исени од пенал биеше непрецизно и остана 0:1 за противникот.  Во 81. минута Максимов изведе еден добар слободен удар од над 25-метри но овој удар заврши од живиот sид во корнер за Вардар. Вардар се разбуди во завршните 20. минути, почна да ствара шанси пред голот на украинската екипа но без реализација. Во 89. минута се обиде уште еднаш Максимов со глава, овој удар заврши вообичаено непрецизно. Со резултат 0:1 заврши дуелот.