Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки на многу важен дуел, Мец доаѓа во Скопје
Вардарки на многу важен дуел, Мец доаѓа во Скопје

Вардарки на многу важен дуел, Мец доаѓа во Скопје

ЖРК Вардар продолжува со настапите во Лигата на шампионите, попладнево девојките на Вардар ќе го одиграат првиот натпревар од ново формираната група. Денешен противник на вардарки ќе биде секогаш незгодниот тим на Мец од Франција.

На овој дуел Вардар влегува како лидер во новата група со максимални осум бодови, додека пак тимот на Мец е втор со пренесени два бода помалку од Вардар, односно шест. Овој дуел е многу значаен за Вардар бидејќи се претпоставува дека токму тимот на Мец ќе им биде на црвено – црните главен претендент за првото место во групата Б. Се работи за противник кој ја имаше втората најдобра одбрана, после одигрување на првата групна фаза. Како дел од групата Д, шампионот на Франција одигра шест натпревари на кои забележа пет победи и само еден пораз и тоа на гостувањето во Подгорица од тимот на Будуќност, пласирајќи се на првото место на табелата.

Овие две екипи досега на три наврати ги имаат одмерено силите, два пати Вардар се радувал на победа, додека пак тимот на Мец има запишано една убедлива победа над Вардар онаа во 2017 со резултат 42:28.

Натпреварот започнува од 17 часот и 30 минути.