Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Втора последователна победа за младинците на ФК Вардар, кои на теренот на Академијата ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П
Втора последователна победа за младинците на ФК Вардар, кои на теренот на Академијата ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П

Втора последователна победа за младинците на ФК Вардар, кои на теренот на Академијата ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П

Младинците на ФК Вардар забележаа триумф во рамките на 18 првенствено коло. На теренот на Академијата тие беа подобри од врсниците од екипата на Македонија Ѓ.П, совладувајќи ја со резултат 3:1.

Тренерот Бабунсски стартуваше со следниве 11-сетмина: Петковски, Наумчески, Серафимов(c), Абдулхади, Адем, Ибиши, Маркоски, Реџепи, Хасановиќ, Тасев, Велковски.

Првата прилика ја имаше Вардар и тоа преку Никола Серафимов, кој на центар шут бие со глава над голот на Македонија Ѓ.П. Црвено-црните имаа иницијатива и поголем посед на топка, без постојано во офанзива со желба да го отворат резултатот. Се закани на спротивната страна и гостинската екипа преку Никола Велигденов, но на место беше голманот Петковски кој ја прибира топката во своите раце. Обид имаше и Стефан Наумчески, чиј удар го брани голманот на Ѓорче. Набргу поведовме со 1:0 со погодокот на Али Адем, се играше акција од левата страна, каде топка нафрли Тасев во противничкиот шеснаесетник, најдобро се снајде Адем кој ја внесе топката во мрежата, за предност на Вардар. Се обидуваше Македонија Ѓ.П да го загрози нашиот гол, но добро беа затоврени сите приоди кон голот на Петковски.

1

За одбележување е удар на противникот, кој повторно е лесен плен за Петковски. Врати и Дејан Маркоски кај Вардар и тоа од слободен удар, но топката завршува во рацете на голманот. До истекот на првите 45 минути успеваме да постигнеме нов гол и да го зголемиме водството на 2:0, со погодокот на Џемал Ибиши, кој доби топка, стигна пред голманот од кој умешно се ослободи и ја смести топката во мрежата, за резултат 2:0 по првото полувреме.

2

Првата прилика во второто полувреме ја имаше екипата на Македонија Ѓ.П, но повторно одбрани голманот на Вардар, Христијан Петковски. Сите дилеми околу конечниот победник беа решени, кога избраниците на Бабунски постигна трет гол и поведоа со 3:0. Во листата на стрелци се запиша и капитенот, Никола Серафимов кој на нафрлена топка од корнер на Маркоски, со глава ја смести топката во противничката мрежа. Прва измена во нашите редови, на местото на Абудлхади, во игра влезе Оливер Дишлиевски. Во следните минути се обидоа и Наумчески и Реџепи, првиот заврши со одбрана на противничкиот чувар на мрежата, додека вториот заврши над голот.

4

Фитор Реџепи имаше и двојна шанса во иста акција, кога најпрво биеше со глава голманот одбрани, одбиената топка повторно стигна до Реџепи, кој бие овој пат со нога, но повторно спаси голманот на Ѓорче. При еден направен фаул во нашиот шеснаесетник судијата покажа на белата точка за екипата на Ѓорче. Сепак противникот не успева да реализира, односно нашиот голман, Петковски успешно одбрани. Сепак до крајо на мечот, гостинскиот тим постигна почесен гол, за намалување на резултатот на 3:1, што на крај се покажа и како конечен на овој меч.

Ова беше втора последователна победа за младинците на Вардар во пролетниот дел од сезоната, откако во првите две кола одиграа со нерешен резултат.