Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Победа на Бисинов и реми на мечот Балтепе -К.Вода Вардар во генер.2006/07 кај момците
Јуниор лига: Победа на Бисинов и реми на мечот Балтепе -К.Вода Вардар во генер.2006/07 кај момците

Јуниор лига: Победа на Бисинов и реми на мечот Балтепе -К.Вода Вардар во генер.2006/07 кај момците

Денес во Кале се одиграа нови дуели од вардаровата ракометна лига денес кај момците во генер.2006/2007 се одиграа два дуела. Во првиот натпревар во Јуниор лигата кај генерацијата 2006/07 одиграа екипите на РК Бисинов Вардар и тимот на РК Урдаревски Вардар. Овој дуел го доби тимот на Бисинов Вардар во еден многу динамичен натпревар со резултат 15-12 (8-5).

1

Дуелот започна со гол на Урдаревски, потоа следуваше серија од три гола на Бисинов Вардар за резултат 3-1 во 4. минута. Кон средината на првиот дел резултатот беше 6-4 за тимот на Бисинов. До крајот на првиот дел Бисинов постигна уште два погодоци, а Урдаревски еден за 8-5. Вториот дел со гол го отвори тимот на Бисинов за +4,9-5. Во 25. минута резултатот беше 12-8 за тимот на Бисинов кој сигурно чекореше кон нов триумф и на овој дуел. Кон крајот на дуелот Урдаревски се доближи на нови -3, но немаа сили, но и време за резултатски пресврт, па така на крајот резултатот беше 15-12 за Бисинов Вардар.

2 4

Во другиот дуел екипите на РК  Балтепе Вардар од Тетово и РК Општина Кисела Вода ги поделија бодовите играјќи реми 13-13 (9-6).  На почетокот тетовчани поведоа со 2-0 на овој дуел, а тимот од Скопје одговори со еден погодок за почетни 2-1.  На средината од првиот дел резултатот беше 6-3 во корист на црвено-црниот тим од Тетово. Потоа се играше игра гол за гол на двете страни, па тимот на Балтепе Вардар на одмор го однесе дуелот со предност за нив од три гола, односно со резултат 9-6.

6

Вториот дел почна со погодок за РК Балтепе Вардар кој се одлепи на четири плус, 10-6. Скопските момци од минута во минута се обидуваа полека да ја топат предноста на тетовчани на оваа средба.  Тие успеаа да влезат во интересен финиш откако намалија на само гол негатива 12-11 на 4.минути до крајот. Интерсен финиш гледавме на мечот во “Кале“ по кој двата тима мораа да се задоволат со поделба на бодовите, откако одигаа реми 13-13 на овој дуел.

5