Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Втора последователна победа за ФК Вардар (2) генер. “2006“ во пролетниот дел од детската лига
Втора последователна победа за ФК Вардар (2) генер. “2006“ во пролетниот дел од детската лига

Втора последователна победа за ФК Вардар (2) генер. “2006“ во пролетниот дел од детската лига

Во текот на денешниот ден продолжија натпреварите во детската фудбалска лига. На терените на ФФМ еден натпревар одигра Вардаровата генерација “2006“ и тоа екипата на Вардар (2) која за противник го имаа Смилковци. Мечот заврши со наш триумф од 5:3.

Натпреварот започна со шанса за противникот, но нашиот голман Мартин Ивановски го брани ударот. Свое гол шоу денес имаше најдобриот на теренот Олег Трифуновски кој постигна хет-трик. За само две минути овој играч успеа да постигне два гола и да донесе предност од 2:0 за Вардар. Повторно Трифуновски се најде во гол прилика, овој пат топката завршува покрај противничкиот гол. Сепак во наредната шанса Олег Трифуновски ја погодува мрежата на Смилковци и зголемува на 3:0. Дефинитивно овој играч беше најактивен на теренот и најголема опасност кон голот на противникот. Избраниците на Филип Арсовски продолжија со офанзивната игра, што донесе уште еден гол за црвено-црните, втор гол на мечот за Филип Симоновски за водство од 4:0. До крајот на првото полувреме, Смилковци успева да погоди и да намали на 4:1. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.

1

Во вториот дел прва закана кон голот на Смилковци, се обиде Мијовски но резултатот остана непроменет. Противничката екипа успева да постигне уште еден гол и да намали на 4:2. Од прва одбрани Мартин Ивановски, но одбиената топка повторно стигна до играчот на Смилковци кој ја смести топката во нашата мрежа. Михаил Танчев имаше шанса да го зголеми резултатот, но изостана реализацијата. Сепак Вардар стигнува до петти гол преку Филип Цветковски за потврда на победата. за водство од 5:2. До крајот Смилковци успева да погоди уште еднаш и да намали на 5:3. Овој резултат е конечен на крајот.

2 3

Евидентен е напредокот кај оваа екипа на Вардар, коај драстично го подигна нивото на игра на стартот од пролетниот дел. Се надеваме на уште подобри игри и резултати од овој тим на генерацијата “2006“.