Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Второ и трето место за ФК Вардар генер. “2007“ на турнир во Охрид
Второ и трето место за ФК Вардар генер. “2007“ на турнир во Охрид

Второ и трето место за ФК Вардар генер. “2007“ на турнир во Охрид

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени 2007 година беа дел од еднодневен меѓународен турнир, на кој учествуваа екипи од Скопје, Битола, Струга, Охрид и Корча ( Албанија). Оваа Вардарова генерација предводена од тренерот Томче Трајановски учествуваше со две свои екипи, кои на крај го освоија второто и треттото место.

ФК Вардар (1) одигра шест натпревари на турнирот, на кои забележа пет победи и само еден пораз и тоа токму во големото финале. Подобри од нас во финалето беа екипата на Топ Гол од Битола. Натпреварот заврши со минимална победа на противникот од 1:0. Најдобри стрелци во оваа екипа беа Александар Грашески и Марко Киш со по 5 постигнати голови. Спасовски беше стрелец на 4, додека Петар Мицевски доаде 3 голови на целиот турнир. Инаку Грашевски е на позајмица од екипата на Спорт Ефе и важи за еден од најталентираните млади фудбалери кои настапуваат на младинските фудбалски турнири низ Македонија.

ФК Вардар (2) одигра исто така шест натпревари, забележувајќи четири победи и два порази. Во борбата за треттото место младите Вардарци беа подобри од екипата на Скендерберг (Албанија) со убедливи 4:1. Најефикасни играчи во оваа екипа на Вардар беа Борјан Томовски со 6 и Стефан Младеновски со 3 постиганти голови.