Wednesday ,13 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Второ и трето место за Вардаровите генерации на турнирот во Маџари
Второ и трето место за Вардаровите генерации на турнирот во Маџари

Второ и трето место за Вардаровите генерации на турнирот во Маџари

Заврши турнирот за генерација “2006“ и “2005“ кој изминативе три дена се играше во спортската сала на училиштето “Наум Наумовски- Борче“ во населбата Маџари. Екипата на Форца беше последната пречка за избраниците на Кралевски, да го освојат петтиот последователен трофеј од младинските турнири. Во денешното финале, Форца беше подобар противник и на крајот победи со резултат 5:1. Стрелец на единствениот погодок за нас беше Давид Голубов. Пет удари кон нашиот гол и сите завршија во нашата мрежа.

Во денешното финале тренерот Кралевски настапи со три играчи кои се генерација “2007“ од кои еден беше голманот Лука Јаневски. Двајца играчи кои се генерација “2006“ на овој турнир настапија за повозрасната категорија на фудбалскиот клуб Вардар. Можеби заморот си го направи своето, во изминативе три месеци овие златни момчиња играа во пет последователнми финалиња, од кои на четири и триумфираа. Ако тука се додадат настапите секој викенд во детската лига и во најновиот проект “Јуниор лигата“ , треба да се потенцира дека нивниот тренер треба да биде презадоволен од нивните настапи. После завршување на денешниот ден, Вардаровите момци се пуштени на заслужен одмор, сепак и освојувањето на второто место е голем успех за оваа генерација.

Фк Вардар генер. “2005“ пак го освои третото место на истиов турнир. Во полуфиналето избраниците на Зоран Петковски беа поразени од екипата на Металург, со резултат 2:0. Во борбата за третото место нашите млади надежи минимално ја победија екипата на Фортуна со резултат 1:0. Претходно во групата забележавме две победи. Целокупните впечатоци од прикажаното на младите Вардарци се позитивни. Сега следи пауза и одмор за овие дечиња, кои имаа напорна полусезона.