Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Чудото од дете “ Давид Голубов најперспективен млад играч во генер. “2006“ на турнирот во Маџари
“Чудото од дете “ Давид Голубов најперспективен млад играч во генер. “2006“ на турнирот во Маџари

“Чудото од дете “ Давид Голубов најперспективен млад играч во генер. “2006“ на турнирот во Маџари

Чудото од Вардарово дете Давид Голубов продолжува со големите признанија од учествата на младинските фудбалски турнири. На завршениот турнир во Маџари во организација на општина Гази Баба, за генерации родени “2005“ и “2006“ година, Давид Голубов го понесе признанието за најперспективен млад играч во својата генерација. За само четири години активно занимавање со фудбал, Давид може да се пофали со голем број на награди, признанија, дипломи и многу медали и освоени трофеи од младинските турнири, каде има учествувано со своите екипи.

Со доаѓањето на Игор Кралевски како тренер на генерација “2006“ ова момче започнува да игра во најдобриот Македонски клуб. Во црвено-црниот дрес веќе освои четири младински турнири и на сите нив беше најдобар стрелец. Тоа се “Кул куп 2015“ , турнир по повод 13 ноември, турнир во Охрид и турнир во спортскиот центар Јане Сандански, организиран од спортското радио 90.3. На предпоследниот настап во Јане Сандански, Давид беше стрелец на единствениот погодок за Вардар во финалниот меч против екипата на Кул. Денеска со своите соиграчи го освои второто место, каде во финалето беа поразени од екипата на Форца. Повторно најдобар во својот тим со шест постигнати голови. На крајот беа доделувани поединечните награди за најдобрите поединци на турнирот. Признанието за најперспективен играч во генерација “2006“ заслужено го доби Давид Голубов.

Запознајте го подетално Давид, преку нашите текстови напишани за овој “Вундеркинд“.

Давид Голубов најдобар стрелец, Лука Јаневски најдобар голман на турнирот во Охрид.

Давид Голубов: Горд сум затоа што сум најдобар во тоа што го правам и се надевам дека и понатаму ке продолжам со успеси.