Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки утре повторно на тренинг
Вардарки утре повторно на тренинг

Вардарки утре повторно на тренинг

ЖРК Вардар по паузата поради ЕП повторно заедно. Црвено – Црните девојки утре ќе го имаат новиот старт по Европското првенство, и во силно темпо ќе се загреваат за клучниот дел од сезоната, втората фаза во Лигата на Шампионите.

Нашите девојките втората фаза во ЛШ ја отвараат веќе на 09 во нoвата година и тоа против тимот на Букурешт од Романија. Вардарки мора да го добијат овој дуел пред домашната публика, која би ги искачила место погоре, и превземање на 2 -то место на Букурешт, кој во моментов има еден бод повеќе од нашиот тим. Прв во нашата нова група е Будуќност кој има 7  освоени бодови, по 5 имаат Букурешт и Ѓер, додека пак нашиот тим има освоено 4 бодови досега.