Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Второ и трето место за Фк Вардар генер. “2007“ на турнир по повод “13 ноември“
Второ и трето место за Фк Вардар генер. “2007“ на турнир по повод “13 ноември“

Второ и трето место за Фк Вардар генер. “2007“ на турнир по повод “13 ноември“

По повод 13 ноември, денот на ослободување на градот Скопје, изминативе три дена се одигра фудбалски турнир за генерации родени “2006“ и “2007“ година. Овој настан се одржа во с. Стајковци и балонот “Вембли“ , во организација на фудбалскиот клуб Смиљковци. Фк Вардар генерација родени “2006“ година го освоија првото место, додека нивните помлади клупски колеги, генерација “2007“ на крајот завршија како втори.

Фк Вардар генерација “2007“ предводена од тренерот Томче Трајановски на овој турнир настапи со две свои екипи. Интересно е што двaта црвено-црни состави се сретнаа меѓусебе во полуфиналниот натпревар. Тука поуспешен беше Фк Вардар(2) кој го победи Фк Вардар (1) со резултат 2:1. Стрелци за победничката екипа беа Борјан Томовски и Јохан Зизајковски, додека за поразениот тим успешно стрелаше Стефан Младеновски.

Во борбата за третото место, екипата на Вардар (1) беше подобар од Фк Смиљковски, со конечен резултат од 2:0. Повторно во голгетерска улога се истакна Стефан Младеновски, кој заедно со Марко Крстевски го донесоа триумфот и обезбедија трето место. Во големото финале на генерација “2007“ се сретнаа Вардар (2) и тимот на Форца. Во регуларниот дел мечот заврши без победник и со почетните 0:0. Дури по изведувањето на удари од белата точка, беше решен победникот во оваа генерација. Среќата беше на страна на противникот, кој успеа со резултат 5:3 на крај да го освои првото место.

Поединечните награди за најдобар голман и стрелец, повторно им припаднаа на младите Вардарци. За најдобар чувар на мрежата беше избран Ведран Колоски, додека најдобар стрелец е Стефан Младеновски. Зад неговото име на крај беа запишани седум погодоци.