Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Б-ЛИГА! Вардар минимално поразен од Шкендија. Младиот вардаров голман Трајчевски скроти пенал на Вручина
Б-ЛИГА! Вардар минимално поразен од Шкендија. Младиот вардаров голман Трајчевски скроти пенал на Вручина

Б-ЛИГА! Вардар минимално поразен од Шкендија. Младиот вардаров голман Трајчевски скроти пенал на Вручина

На дуелот од 4.коло во б-лигата  кој се играше во тетовска Речица вардарци го забележаа првиот пораз во ова натпреварување. Во претходните три меча имавме една победа и два нерешени исхода. Денес резервистите на Шкендија беа подобри од нашите со резултат 1-0.

Првиот дел заврши со резултат 0-0, а голот за домаќините во вториот период го постигна косовскиот интернационалец Меритон Кореница, тој стрелаше за отварање на резултатот на средбата во  51. минута од дуелот. На вардаровата клупа денес беа : првиот асистент во струшниот штаб Александар Васовски и тренерот на младинците Љупчо Марковски-Калц. На дуелот во Тетово  добиа шанса за настап повеќемина играчи од нашата младинската екипа до 19 годишна возраст. Особен момент за одбележување е одбранетиот пенал на младиот вардаров голман Трајчевски по ударот на најдобриот поединец на домаќините Вручина.

За скопските црвено-црни денес настапија следините играчи: Трајчевски, Најдоски, Личина, Глишиќ, Ричков, Темелков, Даци, Димков, Ф. Петковски, П. Петковски, Додевски, а играа уште: Трифунов, Менкиноски, Апостоловски, Чукалевски, Маркоски, Ѓоргиоски и Беќири.