Европскиот шампион, екипата на Барселона во недела доаѓа во Скопје ослабена. Чешкиот играч Филип Јиха поради повреда заработена токму на натпреварот минатата сабота во Шпанија против Вардар, нема да може да им помогне на своите соиграчи.
Но, и без Јиха, Барселона е силен и многу моќен тим, па затоа ваквите информации ни малку не треба да влеваат некаква надеж кај нас дека тимот на Барса ќе биде ославен.