Иако од таборот на Вардар е заминат повеќе од еден месец, сега и официјално 27-годишниот Александар Кировски го раскина договорот со Вардар и ова зимо ќе има нов клуб.
Кировски дојде во Вардар по препорака на Дарко Панчев, но не се избори за место во стартниот состав па одиграно само пријателски дуели и Куп пресметки.
Ова е второ заминување од Вардар по она на Барсегјан. Во овој момент сериозни преговори се водат околу Филип Гачевски да замине во одличен тим, како и Владица Брдаровски.