Кадетската екипа на РК Вардар предводена од А.Будимир и А.Станковски оваа есен во својата група доминираат, тие ќе одат на “зимување“ како есенски шампиони. Тимот одигра 100% перфектно во оваа конкуренција во есенскиот дел.
Тие имаат перфектен скор од осум победи од осум меча односно 24.бода. На одмор заминуваат со шест повеќе од РК Аеродром и осум од Металург, двата тима кои ги добија во директните пресметки. Екипата има одлична хемија, тимски дух кој е “потхранет“ од одличниот тренерски двоец. Во продолжение табела и резултатите од оваа есен.