Денес на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје екипата на Вардар беше домаќин на дуел кој е заостанатиот натпревар од 17. коло од ПМФЛ против Академија Пандев. Нашите момци дојдоа до победа, втора со овој противник во втората нивна средба историјата со резултат 3-1 (2-0). За нас следните момци го одиграа овој дуел: Гачевски, Хамбарџумјан, Тодороски, Велковски, Муслиу, Марковиќ, Стојчевски, Фелипе, Барсегјан (79’ Глигоров), Блажевски (62’ Стојков), Итало (62’ Максимов).
Црвено-црните нападнаа од почетокот на дуелот, со цел први да погодат и да го отворат дуелот со гол. Прва прилика имавме откако нафрли Блажевски од корнер топката дојде до Хамбарџумјан кој ја погоди пречката од голот на гостите сето ова се одигруваше во 3.минута. Пет минути потоа Хамбарџумјан и Итало одиграа двојно, потоа Хоф упати прециен удар кој што го одбрани голманот на гостите Вујанац. Во 9.минута имавме прилика преку Блажевски, кој доби топка од Фелипе шутна силно. но повторно голманот на гостите беше поуспешен. Во 14.минута можевме конечно да отвориме преку Итало, сепак бразилецот закасни со реакцијат и одбраната расчисти. Конечно дојде гол во 19.минита Блажевски одкосо од лево се реши на удар, топката незгодно скокна пред голманот на Академија Пандев и тоа беше погодок за отварање на резултатот 1-0. По голот имавме уште две прилики за постигнување на гол, во 25.минута Итало се обиде но крја голот. Во 32.минута гостите имаа шанса преку Мишев што беше крајно неопасен удар. Во 33.минута конечно успеавме да ја удвоиме предноста, Блажевски од лево напаѓаше во обидот да спаси корнер Вујанац ја изби топката само до Хамбарџумјан, кој што од 25 метри се реши на удар, и беше прецизен во горниот десен агол. Тоа беше гол за удвојување на предноста 2-0. По истиот немаше големи шанси за одбележување, со овој резултат заминавме на одмор.
Вториот дел донесе непријатност за нас на почетокот, гостинот се обиде да ја намали предноста со атаци на голот на Гачевски. Тие имаа акција Грифони се најде во добра позиција на 14-15 метри од голот, на него стартува Дарко Велковски со што судијата Ецкоски покажа на белата точка. Гостинот успеаа да намали на 2-1, откако во 58.минута Јани Атанасов е прецизен од белата точка. Ние напаѓавме потоа, па така во 71.минута Фелипе од 25 метри се реши на удар, топката ја погоди пречката од голот на Вардар, се одби на гол линијата и излезе во поле. Играчот кој денес го играше 100.меч за црвено-црните Хамбарџумјан во 82 и 83.минута имаше големи прилики двете за жал не ги претвори во гол за нас. Се влезе во финишот мирно кога вече се очекуваше крај, во 90+2 Хамбарџумјан погоди прекрасно со што поведовме со 3-1, резултат со кој се заврши дуелот. Колку игравме денес офанзино покажа тоа дека имавме 17 удари кон голот, од кој 10 во рамките на гостинот од Струмица.