На вчерашниот натпревар со екипата на Академија Пандев од Струмица нашиот играч, Ховханес Хамбарџумјан го одигра 100-тиот официјален меч во дресот на Вардар. Својот јубилеј го одбележа со два навистина убави гола, двата беа со удари од далечина, едниот во првиот дел вториот во судиското надополнување.
Хамбарџумјан е дел од црвено-црниот тим од 2014 година, тој стана вардарец во летниот преоден рок. За него е четврта сезона како го носи светот дрес. Во досегашната кариера со нашиот Вардар тој освои три шампионски пехари, и еден Супер Куп трофеј. Беше значаен дел од тимот и во европскиот поход оваа сезона кога црвено-црниот тим обезбеди историско учество во групната фаза од Лигата на Европа.
Од сегашните играчи покрај него “троцифрени“ се и Никола Глигоров, Бобан Грнчаров, а пред неколку дена и Хуан Фелипе. Од одиграните 100 меча, 15 настапи му се во фудбалска Европа, другите се во домашните натпреварувања: Купот на Македонија, Супер-Купот и 76 натпревари се во ПМФЛ.