Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Вардарки подобри од Пелистер, девојките со серија од три победи се зацврстија на 2-та позиција
Кошарка! Вардарки подобри од Пелистер, девојките со серија од три победи се зацврстија на 2-та позиција

Кошарка! Вардарки подобри од Пелистер, девојките со серија од три победи се зацврстија на 2-та позиција

Викендов на програмата во првата женска кошаркарска лига беше 7.коло. Bо истото црвено-црниот женски колектив, Вардар  беше домаќин на екипата од Битола, тимот на ЖКК Пелистер. На дуелот кој се одигра во малата сала при С.р.ц “Кале“- Скопје, вардаровите девојки дојдоа до победа со дваесет поени разлика на овој натпревар.

Нашиот ЖКК Вардар триумфираше во дуелот од единствената женска кошаркарска лига во земјава против зелено-белите девојки од Битола со резултат  62-42 на крајот. Ние врзавме три победи по ред со кој се зацврстивме на втората позиција зад шампионот Бадел 1862, тим со кој играме во наредното 8.коло в гости.

Вардарки по пет дуели досега, имаат четири победи сезонава и еден пораз од шампионот Бадел, со тоа имаме освоено 9 бода досега.