Како што донесува српскиот спотски весник „Журнал“ поранешниот голман на Металург, србинот Дарко Станиќ од наредното лето ќе го облече дресот на европскиот првак, нашиот РК Вардар. Според нивните тврдења 39-годишен голман наводно веќе ставил потпис на едногодишен договор со Вардар.
Понатаму се вели дека од наредната година ќе се формира српскиот тандем во нашиот тим на голманската позиција каде Дарко ќе биде заедно со Страхиња Милиќ. Сето ова доаѓа поради фактот што сегашниот голман на нашиот тим, Арпад Штербик заминува во Веспрем на крајот од тековната сезона.
Станиќ беше дел од РК Металург 2011-2014 година. Искусниот голман во својата биографија ја има наградата “најдобар голман“ на Европското првенство во Србија 2012 година, кога успеа со својата селекција да го освои и сребренот медал.