Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нема многу одмор за вардарци, во среда на програмата е градското дерби со ФК Работнички
Нема многу одмор за вардарци, во среда на програмата е градското дерби со ФК Работнички

Нема многу одмор за вардарци, во среда на програмата е градското дерби со ФК Работнички

Настапот во групната фаза на Лигата на Европа покрај бенефит, носи и потешкотии. Па така иако официјално првата фудбалска лига ја заврши “есенската полуетапа“ момците на Чедомир Јаневски имаат уште дуели кои треба да ги одиграат за разлика од поголем дел од прволигашите кои веќе се на зимска пауза.

Во неделата, Вардар го одигра заостанатиот дуел со Академија Пандев во кој дојде до победа со 3-1 и до нови три бода. Времето за одмор е кратко, бидејќи  веќе во среда, 13-ти декември имаме уште еден заостанат прволигашки натпревар за одигрување. Ние сме домаќини на екипата на ФК Работнички во “градското скопско дерби“. Дуелот ќе се игра на Националната арена “Филип Втори“ со почеток во 13-00 часот. Со овој дуел ќе завшат мечевите во првата лига за црвено-црните момци оваа есен. Шансата за победа мора да ја искористиме и покрај големиот замор од густиот распоред кој го имавме. Со победа би биле на едноцифрена негатива во однос на единствениот конкурент за трофејот, тетовска Шкендија.