Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Хамбарџумјан: Драго ми е што овој мој јубилеј дојде во годината која што со златни букви ќе биде запишана
Хамбарџумјан:  Драго ми е што овој мој јубилеј дојде во годината која што со златни букви ќе биде запишана

Хамбарџумјан: Драго ми е што овој мој јубилеј дојде во годината која што со златни букви ќе биде запишана

Ховханес Хамбарџумјан на натпреварот против Академија Пандев стигна до 100 официјален натпревар во дресот на Вардар. Популарниот Хоф на својот јубилеј постигна два ефекти погодоци. Играчот на Вардар во интервју за клубскиот сајт изјави:

Како се чувствуваш после одиграниот 100-ти натпревар во дресот на Вардар?

„Се чувствувам одлично. Секој фудбалер посакува еден ваков јубилеј, а мојот 100-ти натпревар ќе го паметам уште долго. Затоа што постигнав два убави гола. Мислам дека тоа е заслуга на целиот тим, а уште поважно е тоа што успеавме да победиме во тој натпревар и да освоиме три бода. Навистина ми е драго што на крајот сè излезе како што треба, и за мене и за екипата“

Очекуваше ли на ваков начин да го прославиш овој јубилеј?

„Јас играм на позиција од која што не може да се очекува да се постигнуваат голови, и повеќе сум задолжен да го бранам мојот гол. Можеби од нас бековите повеќе се очекуваат асистенции, но во неделата на некој начин се поклопија работите. Секогаш кога имам шанса да постигнам гол, се обидувам. Со Академија Пандев ми успеа на два пати и тоа со удари од далечина.“

15843-ushte-dolgo-kje-go-pametam-mojot-100-ti-mech-vo-vardarНа твојот јубилеј имаше сосема нова позиција, односно играше како лев бек. Како успеа да се снајдеш во новата улога?

„Ќе играм на таа позиција на која што стручниот штаб ќе смета дека можам да покажам најмногу. Со Академија Пандев играв лев бек, и не ми пречеше. Имам играно неколку пати на оваа позиција и порано. Ете, успеав да постигнам и два гола. Дали е погодена позицијата или не, на еден играч, може да се знае само по завршувањето на натпреварот. Јас на секој натпревар без разлика каде и да играм, го давам максимумот. Тоа овој пат даде резултат, и се надевам така ќе биде и во иднина“

Кои натпревари во дресот на Вардар ќе ти останат во вечно сеќавање од овие 100 колку што досега ги одигра во „црвено-црниот“ дрес?

„Нормално овој 100-тиот натпревар во кој постигнав два гола ќе го паметам. Од другите натпревари, во првенството ќе ми остане во сеќавање првиот натпревар и моето деби во дресот на Вардар против Пелистер. Секогаш некако првите натпревари се паметат, веројатно кај секој играч е тоа така. А, од меѓународните натпревари, дефинитивно мечот со Фенербахче кога обезбедивме пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Прво тој домашниот меч после кој се стекнавме со добра предност, и потоа реваншот во Истанбул. Бевме малку резервирани после случувањата на мечот со Копенхаген, но верувавме во себе. Таква шанса не смееше да се испушти, и ние успеавме да ја искористиме и на клубот да му донесеме историски успех“

Како е да се биде во друштво на одреден број на фудбалери кои имале 100 и повеќе настапи во дресот на Вардар?

„Чест е и задоволство што станав дел од фудбалери кои се нашле во мојата улога во минатото, и што успеав на некој начин да се запишам во историјата на овој клуб. Драго ми е што овој мој јубилеј дојде во годината која што со златни букви ќе биде запишана, и што сум дел од оваа генерација која го направи најголемиот меѓународен успех. Се надевам дека секоја година клубот ќе прави ваков успех, затоа што тоа беше едно одлично искуство како за клубот, така и за играчите, а од друга страна и привилегија да се биде дел од натпреварување во кое учествуваат такви големи тимови. Мило ми е што успеавме, и што во овие изминати три месеци направивме цела Македонија да се гордее со нас“.