На крилниот играч на Вардар, Дејан Блажевски на крајот од оваа година му завршува договорот со црвено – црните. Сеуште не е познато дали Блажевски ќе остане или ќе замине од редовите на Вардар, ако се суди по тоа што сеуште не му е продолжен договорот, можно е играчот веќе по крајот на оваа година да си замине од редовите на првакот.
Што планира управата на Вардар околу овој играч ќе дознаеме брзо, бидејќи крајот на календарската година е се по блиску.
Инаку, како што дознаваме, нашиот играч веќе има понуди од Тајланд и Кипар за продолжување на кариерата.