Тимот на Вардар со нерешен резултат ја заокружи успешната фудбалска приказна за оваа календарска година. Врвен фудбал и врвни екипи, Вардар ни овозможи да гледаме скоро шест месеци.
Дека во фудбалот се вртат најголемите пари, говори и податокот дека Вардар со одличните игри ќе добие дури 3.720.000 евра од УЕФА. Тука не се сметаат ТВ-правата, продажбата на влезници и останати бонуси. Значи, цифрата која треба да ја добие Вардар од УЕФА , треба да изнесува повеќе од 4.000.000 евра.
Несомнено цифрите говорат дека во фудбалот за само пет успешни месеци, можеш да заработиш голема сума на пари.