Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Победата против Кристијанштад изразена со 15 голови разлика е најголема во историјата на РК Вардар, на настапите во ЛШ
Победата против Кристијанштад изразена со 15 голови разлика е најголема во историјата на РК Вардар, на настапите во ЛШ

Победата против Кристијанштад изразена со 15 голови разлика е најголема во историјата на РК Вардар, на настапите во ЛШ

Натпреварот  против Кристијанштад беше последен оваа година пред домашната публика за екипата на РК Вардар. На тој меч триумфиравме со резултат од 31:25, што се смета за најубедлив триумф на црвено-црните на натпреварите од лигата на шампионите, во историјата на клубот. Во сезоната 2007/08 исто така имаме триумф изразен со 15 голови разлика, но бил во рамките на квалификациско коло, кога со резултат 37:22 била совладана екипата на Полва Сервити.

Последниве пет сезони Вардар има издвојувано уште неколку победи со двоцифрена разлика, но никогаш поубедливо од дуелот со Кристијанштад. Пред овој дуел рекордот го држевме со победата на гостувањето во Швајцарија, во сезоната 2013/14 против екипата на Вакер Тун, кога славевме со резултат 24:37. Следната сезона пред домашната публика и тоа во С.Ц. Јане Сандански настрада шампионот на Русија, екипата на Чеховски Медведи над која триумфиравме со резултат 39:28, како и во осминафиналето истата сезона кога на свој терен “бркавме“ негатива од шест голови од гостувањето во Плок и победивме со девет голови разлика (30:21). Сигурно дека во добра сеќавање ќе останат високите победи против Киелце во арената Јане Сандански во сезоната 2015/16 кога го згазивме противникот со десет голови разлика (34:24) и истата сезона во групната фаза против тимот на Колдинг и тоа со истиов резултат како против шампионот на Полска. За минатата сезона покрај победите на завршниот турнир во Келн, кога пред нашиот шампион потклекнаа Барселна и ПСЖ, ќе го издоиме и “дебаклот“ на Фленсбург во Скопје, на реваншот од 1/4, кога загубија од Вардар со резултат 34:26.

Имал Вардар последниве пет сезони многу убедливи победи и тоа со двоцифрена разлика, но дефинитивно моментално рекордот го држиме во дуелот против Кристијанштад, кој го поразивме со 15 голови разлика. Дали Вардар ќе го “сруши“ овој и ќе постави нов рекорд останува да видиме во наредната 2018 година.