Две младински фудбалски репрезентации на Македонија до 15 и 16 години, денес и во четврток во Пафос ќе одиграат контролни натпревари против соодветните репрезентации на Кипар. Како што известивме во селекцијата У-16 која ја предводи Марио Вујовиќ ќе настапат и четворица играчи на ФК Вардар , се работи за Марио Илиевски, Филип Андоновски, Анатолиј Петејчук и Александар Ѓурковски.
Исто така и помладата селекција до 15 години предводена од Звонко Златановски ќе одигра контролни дуели со Кипар. Голманот на Вардар, Лука Стојковски кој има настапи за сите младински категории на клубот ќе дебитира во националната репрезентација, откако повеќе од заслужено доби повик од селекторот на оваа младинска селекција на Македонија. Лука е еден од најнадежните голмани на негова возраст, не само во Вардар туку и воопшто во македонскиот фудбал, па беше време да добие повик во дресот на својата земја. Уште еден играч од Вардар е во составот за контролните натпревари, се работи за Абдула Хасани кој паралелно настапува за генерациите “2002“ и “2003“ на црвено-црните.