Thursday ,13 December 2018
Последни:
Home > Комити > КОМИТИ: СООПШТЕНИЕ- ВАЖНО, ВАЖНО, ВАЖНО…
КОМИТИ: СООПШТЕНИЕ- ВАЖНО, ВАЖНО, ВАЖНО…

КОМИТИ: СООПШТЕНИЕ- ВАЖНО, ВАЖНО, ВАЖНО…

На својата официјална страница Комити Запад искочија со соопштение во кое се вели:
Доколку ви пристигнало писмо со барање за финансиска поддршка од името на навивачката група Комити, вие сте цел на можна измама! Навивачката група Комити се оградува од било какво барање за финансиска помош преку било каква форма на правен субјект.
Ја информираме јавноста дека навивачката група Комити не е претставувана од ниту едно Здружение на граѓани, Невладина организација, ниту било каква форма на правен субјект. Не е ниту контролирана, ниту следи директиви, наредби ниту инструкции од никого, било да се правни субјекти, организации од било каков вид ниту од било кој поединец, туку делува согласно интересите на Вардар и својата идеологија.
Единствени официјални гласила од каде може да се чуе ставот на н.г. Комити Запад покрај Западната Трибина се: Официјалната Фејсбук страна “Komiti Skopje”, и Официјалнata емаил адреса: komiti@fkvardar.mk

Упатуваме барање до Централниот Регистар на Р.М. да покрене постапка за бришење од евиденција на сите Здруженија на Граѓани, Невладини Организации, Фирми или било какви регистрирани Правни Субјекти кои се повикуваат дека ја претставуваат навивачката група Комити Запад.

Непознатите лица кои претставувајќи се лажно, се обидуваат да го злоупотребат името на навивачката група Комити, треба да имаат предвид дека може да се соочат со кривична одговорност покрај одговорноста која ќе ја сносат пред членството на групата.

Ве замолуваме и повикуваме сите вас да ја споделите и проширите со мослкавична брзина оваа објава и информација, со цел нашето име остане чисто и неизвалкано, а сите вие кои се идентификувате со н.г. ‘Комити’ бидете заштитени од злоупотреба.

Секогаш со нашиот Вардар и Македонскиот Народ!
Комити Запад